Во периодот јануари – септември годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.303.553.000 денари, што е за 16,6 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Основниот суд Велес останува надлежен за водење на стечајната постапка на ФЕНИ индустри АД Кавадарци.
Приоритет за Македонија е фискална консолидација со зголемено ниво на приходи и подобрена ефикасност на приходната и расходната страна, наведува Светска банка во редовниот есенски економски извештај за Западен Балкан.
Министерството за финансии денеска на својата веб страница го објави Граѓанскиот буџет за 2018 година во кој се претставени килучните информации од Предлог-буџетот на РМ за 2018 година,што Владата го достави до Собранието.
Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) организира избор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија за 2018 година.
На двата аеродроми во Република Македонија забележан е рекорден број на превезени патници што е резултат на спроведувањето на политиките на Владата за развој на ависообраќајот во државата, информира Министерството за транспорт и врски.
Постојните економски и финансиски услови, како и постоечките ризици, укажуваат на тоа дека постојната монетарна поставеност засега е соодветна.
Како што информира Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија, пријавени се над 100 домашни компании за средби со австриските од кои можат да научат многу за унапредување на производството со нови технологии и знаење.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска на средба со претставници на КФВ банката, предводени од Кристоф Тискенс, директор за Југоисточна Европа и Турција, побарал дополнителна поддршка за проекти во локалната патна инфраструктура.
На конкурсот на годинешнава награда беа пријавени 34 проекти, од 25 претпријатија, од кои 10 мали и средни претрпијатија, кои аплицираа со 10 проекти, а 15 големи претпријатија на конкурсот доставија 24 проекти.