Фени Индустри АД има добар бизнис потенцијал, а отворање на стечајна постапка во овој момент е единствен начин за зачувување на имотот, спречување на настанување на штети и изнаоѓање на најбрзо можно решение за рестартирање.
Презентации и совети ќе понудат и искусни консултанти, евалуатори како и фирми добитнички на грантови од Инструментот за мали и средни претпријатија на програмата Хоризонт 2020.
Ристески изјавата за новинарите ја даде во текот на протестот што го организираа работниците пред филијалите на трите банки кои поднеле барање за покренување стечајна постапка.
Да се намалат придонесите за да може да се исплаќа минимална плата од 12.000 денари и одреден период да останат фиксни придонесите за плата до 18.000 денари, бара чевларската индустрија.
Сертификати за успешно завршен курс „службеник во книговодство“ денеска во Агенцијата за вработување (АВРМ) им беа доделени на млади невработени лица до 29-годишна возраст кои успешно ја завршиле обуката за стекнување вештини барани на пазарот на трудот.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува Владата и кинески „Синохидро“ до крајот на јануари да ги завршат преговорите утврдување нов рок и дополнителни финансии за изградба на автопатот Кичево – Охрид.
Новиот експресен пат ќе има две ленти со ширина од 3,5 метри и две ленти за застанување со ширина од два метра. Предвидено е да бидат изградени 11 мостови, 22 пропуста, три надпатника и два потпатника.
Работници од „Фени индустри” денеска во Кавадарци одржаа протест пред филијалите на неколку банки за, како што рекоа, да го искажат своето незадоволство поради покренување на барање за стечајна постапка од страна на најголемите доверители.
Во Агенцијата за вработување денеска ќе бидат доделени сертификати на невработени лица кои успешно го завршиле курсот „Службеник за сметководство“.
Предлог-буџетот за 2018 година кој Министерството за финансии го претстави минатата недела, а треба да биде усвоен од страна на Владата и потоа испратен до Собранието, според премиерот Зоран Заев претставува буџет за финансиска стабилизација.