Понудата за преземање акции издадени од акционерското друштво – АД Конфекција и трикотажа “Единство” АД Струмица што ја дадоа лицата Димитар Поповски и Иљо Кузманов се утврди како успешна.
Законските измени за регистрирањето за плаќање на ДДВ на физичките лица кои извршуваат стопанска дејност и намалениот праг за регистрација од два милиона денари на милион денари е дополнително оптоварување и трошоци за обврзниците
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија е примена како полноправна членка во Европската конфедерација на синдикати и во Меѓународната конфедерација на синдикати.
Македонските компании и институции се повеќе ги препознаваат придобивките од воведување и сертификација на меѓународните стандарди во своето работење изјавија од ССК.
Електронско банкарство за извршување на платниот промет со странство за потребите на државата и државните органи, воведе Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) кое го поддржа учеството, при претставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на сортата Вранец.
Сивата економија и брзото менување на регулативите се уште се најголеми проблеми за микро, малите и средните претпријатија во Македонија, велат од Стопанската комора на Македонија.
Кредитната агенција Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ- со стабилен изглед.
ТАВ Македонија најави дека германската нискобуџетна авиокомпанија Еуровингс (Eurowings) која е дел од групацијата Луфтханза, ќе почне да лета на релација Скопје – Минхен од 31 октомври 2017
Функционално разработување на Коридорот 10 и пристапот до Солунското пристаниште се врвен приоритет за Македонската економија.