Бесими, како што соопштија од Министерството за финансии, и посакал добредојде и успешен мандат на амбасадорката со уверување за натамошно зајакнување на соработката и поддршката на САД во спроведување на реформите.
На потпишувањето на договорот присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Светска банка за Северна Македонија и Косово Масимилијано Паолучи и евроамбасадорот Дејвид Гир.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска се сретнал со група од десетина бизнисмени и инвеститори од бизнис асоцијацијата Румелисијад од Бурса, Република Турција.
Во рамките на Меморандумот за соработка помеѓу Народната банка и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), којшто беше склучен оваа година, започна првата серија предавања од страна на ДКСК за вработените во Народната банка.
На таа листа со повластена стапка остануваат сите основни производи и домашни производи што се користат кај нас, но ќе се ревидираат луксузните производи кои се на таа листа како морски производи ајкула, делфин и кит ќе се плаќа повисок данок-објасни министерот за „Сител“
Министерот за финансии Фатмир Бесими во вечерашното интервју за телевизија „Сител“ рече дека Владата денеска презентирала три ставки од Концептот на даночната реформа и тоа данокот на добивка, данокот на личен доход и данокот на додадена вредност.
Со новиот концепт, данокот на личен доход останува 10 проценти, данокот на добивка останува 10 проценти, данокот на додадена вредност останува 18, а нема да се оданочуваат ниту каматите на депозитите и штедните влогови.
Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска обелодени дека се размислува да се воведе викенд без ДДВ кој ќе важи само за прехранбените производи и кој би се спровел во текот на една или две недели за време на празници.
Уставниот суд застана на страната на вистината и правдата и не ја прифати иницијативата на Стопанската комора, односно го потврди ставот на Сојузот на синдикатите на Македонија и ги остави на сила одредбите од законските решенија со кои недела е неработен ден