Капацитетите што се затоплуваат со компримиран гас ќе можат непречено да набавуваат ваков енергенс од Србија, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски
АД ЕСМ од „Макпетрол“ ќе ги набави неопходните количини на природен гас за работа на топланите во ноември
Министерот за финансии Фатмир Бесими во својата најнова колумна најави дека буџетскиот дефицит ќе продолжи да се стеснува и со новиот буџет за 2023 година, со што се оди со постепена фискална консолидација
Инфлатори за воздушни перничиња ќе се произведуваат во YFA Automotiv во ТИРЗ Скопје 1, нова фабрика која е американско-кинеска инвестиција на компаниите Јанг фенг и АРЦ, во вредност од 30 милиони евра
Затегнувањето на монетарната политика треба да биде приспособено на условите во економијата и во практиката е позастапено постепеното затегнување
На електричните поврзувања со Македонија, Италија и Бугарија, кои Грција двојно ги зголемува, како и на завршениот маркет тест за интерконекторот за природен гас со нашата земја, се осврнал министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас на Самитот на Западен Балкан за енергетската безбедност и зелената транзиција во земјите од регионот, одржан вчера во Берлин
Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, ќе се обрати по повод нова инвестиција во ТИРЗ Скопје 1
Владина делегација, предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во чиј состав се и министрите за економија и за информатичко општество, Крешник Бектеши и Адмирим Алити и заменик министерот за финансии Филип Николовски, денеска учествува на конференцијата на „Економист“ во Приштина насловена „Самит на земјите од Западен Балкан 2022, градење мостови за мир, напредок и солидарност“
Во Скопје денеска ќе се одржи визионерска работилница со претставници од бизнис секторот, која е дел од процесот за поддршка на развојот на Националната развојна стратегија на Македонија за наредните 20 години
Со ограничен фискален простор, зголемен јавен долг и зголемени трошоци за финансирање, потребно е фискалната поддршка да биде насочена кон најранливите домаќинства и фирми.