За Србија најодржливо е сурова нафта да добива преку јадранскиот нафтовод ЈАНАФ, изградбата на нафтовод до Унгарија, што е прва опција, или до Албанија преку Македонија, што е втора опција, засега се само можности, изјави српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ
Топлинска енергија од 15 октомври ќе има за сите потрошувачи во град Скопје без разлика дали ќе работи или нема да работи когенеративната електрана ТЕ-ТО, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари, а за три денари ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика
Паушално одданочените занаетчии да плаќаат струја како домаќинства или Владата да субвенционира 50 проценти од сметките за електрична енергија за оваа категорија занаетчии, предлагаа занаетчиската комора на Македонија
Продажните цени на производителите на индустриски производи на месечно ниво во август се пониски за 0.1 %, а на годишно ниво се повисоки за 15.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика
Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2022 година, увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се пониски за 6.9 % на месечно ниво и повисоки за 85.8 % на годишно ниво
За 5.500 домаќинства ќе се обезбедува струја од соларната електрана со капацитет од 17 мегавати лоцирана во светиниколско Амзабегово, инвестиција на Групацијата ГЕНИ
Делегација на Стопанската комора на Македонија предводена од претседателот Бранко Азески денеска ќе ги посети рудниците „Бучим“ и „Боров дол“, кои поради порастот на цената на електричната енергија од 1 септември годинава привремено прекинаа со процесот на производство
Групацијата ГЕН-И денеска на прес-конференција ќе информира за отворањето соларна електрана со капацитет од 17 MW во светиниколско Амзабегово
Финансиска помош за најранливите категории граѓани и за пензионерите, е дел од новиот сет мерки за справување со енергетската и ценовната криза вреден над 350 милиони евра што го усвои вчера Владата