Еве што е констатирано во официјалниот извештај за Еуростандард банка за нејзината економско-финансиска состојба на денот на нејзиното затворање 12 август 2020 година, сумирано во три главни точки.
Бројот на туристите е во периодот јануари – јуни 2022 година е зголемен за 75 проценти во однос на истиот период лани, а бројот на ноќевањата бележи раст од 66,3 отсто
Вкупниот промет во индустријата во јуни годинава е зголемен за 19,2 отсто на годишно ниво и за 0,8 отсто на месечно ниво, додека во првите шест месеци од годинава бележи пораст од 17,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година
Поништен е тендерот за избор на Надзор и правен трансакциски советник за изградба на автопатите што ќе ги гради на Коридор 8 и Коридор 10-Д американско-турскиот конзорцум „Бехтел и Енка“
Државниот завод за ревизија (ДЗР) на својата веб-страница го објави конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Ефикасност на преземените мерки и политики за намалување на ефектите од пандемијата во секторот туризам“
Најавените „даночни реформи“, се поблиску до дефиницијата на ад-хок мерки најверојатно поттикнати од фискална нужност, но не и од желба за реформи, бидејќи не се базираат на економски и финансиски анализи кои се транспарентни и стратешки врамени кои ќе обезбедат предвидливост за сите засегнати страни, наведува Групата ЦИВИТАКС во денеска објавениот став за предложената даночна реформа
Тој посочи дека уште е во тек штрајкот во јавниот сектор, а радикализирање ќе има во септември, бидејќи според Владата, законот им овозможува до септември да ги усогласат платите.
Меморандум за соработка потпишаа Занаетчиската комора и Агенцијата за поддршка на претпримеништвото
За да се обезбеди сигурен напредок на младите, потребни се сериозни системски зафати кои ќе резултираат со забрзан економски раст, искоренување на корупцијата и осовременување на образованието
Проектите за изградба на нови хидроелектрични централи во земјите од Западен Балкан ќе бидат се потешко да се реализираат во иднина поради климатските промени, противењето на јавноста и правните и финансиски предизвици, при што тие проекти или нема да придонесат за енергетската безбедност или немаат доволно економски потенцијал, се нагласува во анализа на повеќе меѓународни организации