Девизни резерви на крајот на јули годинава изнесувале околу 3,2 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 80,5 милиони евра
Центарот за граѓански комуникации спроведе ново истражување за јавните набавки извршени од државните институции за време ковид пандемијата во Македонија.
Пикот на инфлацијата, вели Петрески, го поминавме во јули и почнувајќи од август, доколку не настане некој нов шок кој сега не може да се предвиди, месечната инфлација значително ќе опадне, а со тоа и годишната, вклучително и како резултат на базниот ефект од лани.
Бугарската владина агенција „Патна инфраструктура“ објави дека денеска распишала јавен тендер за избор на изведувач за изработка на идејно-технички проект со детален распоред – план за парцела за изградба на автопатот „Ѓуешево – Дупница“
Во јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки за 0,2 проценти на месечно ниво, а за 19,6 отсто на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2022 година е намалено за 4,4 отсто во однос на второто тримесечје од 2021-ва, а продажбата на шумски сортименти изнесува 131 587 метри кубни и бележи зголемување за 1,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јуни годинава се повисоки за 14,2 отсто на месечно ниво и за 131,8 отсто на годишно ниво, информира Државниот завод за статистика
Основната каматна стапка останува непроменета на ниво од 2,5 проценти, а понудата на благајничките записи исто така останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари, информира денеска Народната банка
Државниот завод за ревизија (ДЗР) на својата веб-страница го објави конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Преземени мерки и политики за поддршка на вработувањето и професиите погодени од здравствено – економската криза предизвикана од Ковид 19“
Центарот за граѓански комуникации денеска го објави Извештајот за јавните набавки за заштита од КОВИД-19, изработен врз основа на длабински мониторинг на постапките за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во второто полугодие од 2021 година