Во изминатиот период до Организацијата на потрошувачите на Македонија – ОПМ пристигнеле 2.600 поплаки, жалби и прашања од потрошувачите. Најголем дел од потрошувачите се жалеле на неисполнетите законски права, декларациите, цената што е различна со онаа на каса
Сферата на дигитализацијата која во последниве две години стана доста актуелна придонесе поплаките на потрошувачите на онлајн продажбата драстично да се зголемат
Гувернерката посочува дека секогаш кога ќе се јави некаква криза, менувачкиот пазар е мета на шпекулатните кои сакаат да профитираа
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на довербата во преработувачката индустрија во февруари во однос на јануари годинава е намален за 0,2 процентни поени и изнесува 13,8, а во однос на февруари лани е намален за 0,4 процентни поени, објави денеска Државниот зваод за статистика
Преку 135 милиони евра инвестираме во изградба на три модерни експресни патишта низ државата
Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладне во 15 часот повторно ќе биде запрен поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во Железници на РМ Транспорт доколку не бидат исплатени материјалните трошоци за февруари, најави Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија
Менувачките работи кај банките се одвиваат непречено, а банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните, информираат од Македонската банкарска асоцијација (МБА)
Музејот на Народна банка на Република Македонија повторно е отворен за посетители од понеделник до петок, помеѓу 9 и 15 часот, а влезот е слободен
Во рамки на Стопанската комора на Македонија, на иницијатива на група компании, формирана е новата Асоцијација – ТИМ 40. Целта е обединување на младите претприемачи и изнаоѓање решенија за внесување нови трендови во менаџирањето и делувањето
Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до денеска, информира Автомотосојузот на Македонија