Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и државниот секретар Митко Трајчулески денеска остварија работна средба со делегација од Светска банка предводена од Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска банка за Република Македонија
Во технолошко-индустриските развојни зони во февруари е забележан раст на бројот на вработени за четири проценти и раст на извозот над 30 проценти, покажува редовната месечна анализа што ја прави Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони
Универзитетскиот професор Марјан Петрески смета дека во моментот нема потреба од корекција на каматите бидејќи засега инфлаторните притисоци доаѓаат само од страна на понудата
Народната банка води приспособлива монетарна политика. Внимателно ги следи движењата и прави анализи за преземање мерки коишто ќе овозможат балансирање на ефектите од сѐ повисоките цени, со потребата од одржување соодветна поддршка на економијата
Со 26 мерки за помош на граѓаните и компаниите, во вредност од 400 милиони евра, ќе се ублажуваат последиците од економската криза и руско-украинскиот конфликт
Владата на седница донесе Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки.
На денешната седница Владата донесе Одлука за ограничување на извозот на масло од сончоглед поради сериозни пореметувања на домашниот пазар, која стапува на сила од денеска и ќе важи до 31 мај.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 95, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 94 денари за литар.
Уште утре пред пратениците ќе се најдат измените на законите кои се важни за имплементацијата на мерките кои Владата ги определи за ублажување на кризата, најави премиерот Димитар Ковачевски.
Сметаме дека е подобар и одржлив моделот што го предложивме за намалување на цените на нафтените деривати отколку да одевме со еднократно намалување на акцизите, истакна вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.