Лозарите највеќе сакаат да садат лози од винските сорти „вранец” и „темјаника”, но заинтересирани се и за сите видови десертно грозје
Според МБА, благодарение на неговата поставеност и улога, како и на целосната финансиска поддршка од членовите на Македонската банкарска асоцијација, Фондот за осигурување на депозити дал значаен придонес кон создавање стабилен и сигурен банкарски сектор кој ужива огромна доверба кај штедачите, поради што ваквата реалност не смее да биде загрозена од никого и на ниту еден начин
Владата, синдикатите и работодавачите не постигнаа договор за синдикалното барање за зголемување на минималната плата на 18.000 денари
Барањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари денеска се разгледуваше на седница на Економско-социјалниот совет, но, ниту по неколкучасовна расправа Владата, синдикатите и работодавачите не постигнаа договор
Комисијата за европски прашања на денешната 30. седница ги усвои предлог-законите за инспекциски надзор во животната средина и за вршење сметководствени работи, двата во прво читање и ги даде на натамошно разгледување
Откупот на тутунот тече непречено и според состојбите може да заврши пред законскиот рок, 31 март, изјави Љупчо Николовски министер за земјоделство
Правиме најголем исчекор во транспортниот сектор каде домашните транспортери добиваат нови три илјади меѓународни дозволи за превоз на стока, што е огромна придобивка за транспортните компании и цела домашна економија, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на состанокот со претставниците на транспортните здруженија Америт и Макам Транс
До 2023 година предвидуваме намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто што ќе биде силен стимул за младите што повеќе да се насочат кон овој сектор каде од ден во ден се потребни се повеќе работници, најави премиерот Димитар Ковачевски
Компаниите кои добиле финансиска поддршка преку шестиот пакет мерки, а не го исполниле условот за претворање на поддршката во грант, треба да вратат 20 проценти од добиената поддршка доколку го задржале истиот број на вработени или 50 проценти од поддршката ако имаат намалување на бројот на вработени
Барањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари денеска треба да се најде на седница на Економско-социјалниот совет, која според најавите, треба да се одржи во 15 часот.