Стратегијата за „паметна специјализација“е особено важна за нашата држава, бидејќи со неа ќе се издвојат секторите со најголем потенцијал за развој, кои ќе станат поддршка односно драјвери за сите други сектори во економијата, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на денешниот работен состанок за Стратегијата за „паметна специјализација“
Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го повтори својот став дека нема да има значително зголемување на цената на струјата. Конечната одлука, како што рече, ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, но очекувањата на Владата се дека зголемувањето нема да биде значително
Исто така, компаниите треба да го почитуваат и она што е на агендата на Европската Унија, а тоа е „Зелениот договор“ за зашита на животната средина
Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), како единствен репрезентативен претставник на бизнисот во трипартитниот социјален дијалог, ја подржува програмската определба на Владата за постепено достигнување на нивото на минималната плата од 18.000 денари до крајот на мандатот на оваа влада
Граѓани, фирми и институции вложија 7,5 милијарди денари (122 милиони евра) во неживотни осигурувања во првите девет месеци годинава. Продажбата (бруто полисирана премија – БПП) на осигурителни услуги во овој период порасна за 18 отсто (19 милиони евра) во споредба со истиот период во 2020 година
Стопанската комора на Македонија, Министерството за финансии и Царинската управа денеска ќе одржат заедничка прес-конференција на тема „Закон за изменување на Законот за царинска тарифа и Договорот за соработка меѓу СКСМ и Царинската управа за едукација на економските оператори во доменот на царинското работење“
Министерот за економија Крешник Бектеши останува на веќе изнесениот став дека поскапувањето на струјата ќе биде најмногу до 10 отсто.
Им посакувам многу успех во работата и што повеќе заеднички и координирани настапи на сите бизнис заедници во Македонија. Само така нашата заедничка работа ќе има успех.
Занаетчиите очекуваат да се разгледа барањето за субвенционирање на сегашната и на најавената зголемена плата, информираа денеска надлежните од Занаетчиската комора.
Во Собранието денеска продолжи расправата за Предлог-буџетот за 2022 година. И на петтиот и последен ден од расправата, опозицијата и владејачкото мнозинство со спротивставени ставови