Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе престојува во Црна Гора, каде ќе има средби со потпретседателот на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ и со министерот за финансии и социјална грижа, Милојко Спајиќ
Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски денеска ќе ги презентира резултатите од сеопфатната анализа на ефектите од странските вложувања во технолошко индустриските развојни зони во изминатите 10 години, што првпат ја спроведе ТИРЗ
Групацијата на производители и преработувачи на пластични маси при Сојузот на стопански комори на Македонија денеска на прес-конференција ќе ги соопшти предизвиците со кои се соочува овој сектор поради стапување во сила на новите законски измени со кои се зголемува продажната цена на оксо-биоразградливи кеси
-Досега на владините седници не е разговарано за ова, така што сите тие бројки се, сепак, во сфера на непотврдени информации. До моментот додека Владата не донесе конечна одлука, немаме конкретен процент на поскапување, рече Арсовски.
Владата ќе достави до Собранието на Република Македонија Предлог-одлука за продолжување на рокот за постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во наредните шест месеци, односно до 9 јуни 2022 година
Во третиот квартал од 2021 година, во тековните трансакции со нерезидентите е остварен суфицит од 98 милиони евра, главно како резултат на солидните остварувања кај секундарниот доход, како и кај размената на услуги
Седум видови колачи со активен јаглен, колаген и пробиотик, се новите производи на компанијата „Жито Пром“ – Гевгелија кои веќе може да се најдат во малопродажбата
Од денеска до 3 декември ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост, што ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании
Иднината им припаѓа на стартапите, вака директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров денеска ја најави проектираната финансиска поддршка за 2022 година, но се осврна и на реализираните повици и средства во 2021-ва
Стопанската комора на Македонија соопшти дека е прифатена иницијативата на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство при Советот на странските инвеститори за намалување на царинските стапки за производи (компоненти) потребни за производство на технолошки напредни производи