Министерството за финансии е коорганизатор на 7. Регионален состанок на БЕПС – Инклузивната рамка за земјите од Евроазија, Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA) и Организацијата за економска соработка и развој
Само 32 отсто од нашето население поседува дигитални вештини. Во однос на дигитализацијата заостануваме дури и во регионот, а животниот стандард ни е 38 проценти од просекот во ЕУ
Стопанството две години се соочува со многубројните предизвици кои произлегоа од здравствено-економската криза, а кои бараат голема ангажираност за одржување на деловната активност на претпријатијата
Во 2022 година буџетот има подобрена структура. Имаме 615 милиони евра капитални инвестиции кои во вкупните расходи учествуваат со 14 отсто и намалување на буџетскиот дефицит од 6,5 проценти колку што е планиран годинава на 4,3 проценти за следната 2022 година, кој е помал од планираното ниво на капитални инвестиции
Владата на Република Македонија преку Генералниот секретаријат ја почна исплатата на финансиската поддршка за 19.060 тутунари со вкупна вредност од 300 милиони денари во рамки на пакет поддршката за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19
Жените имаат исти права како и мажите, но не секогаш имаат исти можности. На секоја жена која има доволно знаење и квалитет, треба да ѝ биде дозволено да обезбеди подобро утре, беше истакнато на првиот самит за женско претприеништво што денеска и утре се одржува во Скопје
Ценовната и финансиската стабилност се предуслов за економскиот развој и обезбедуваат простор што треба да се искористи од другите носители на политики за остварување структурни реформи што ќе придонесат за стабилен и долгорочен економски раст
Развојна банка на Македонија АД Скопје, во соработка со најголемите комори во државата, започнува со серија едукативни настани за портфолио и индивидуални гаранции од Гарантниот фонд. Целта на настаните е запознавање со корисностите на домашните микро, мали и средни трговски друштва и големите извозни компании од гарантната шема
Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе го отвори десеттото јубилејно издание на Самитот на организацијата Македонија2025, кој ќе се одржи во хотелот „Мериот“ во Скопје, најавија организаторите на собирот
Во спротивно, тие ќе покренат иницијатива за оцена на уставноста и законитоста пред Уставниот суд и ќе ги повикаат на протест вработените и од јавен и од приватен сектор против ваквите мерки.