Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја продолжува поддршката на земјата и регионот, а подготвеност за инвестиции во нови проекти беше изразена денеска на средба меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и потпретседателот на ЕИБ Лилјана Павлова, пред почетокот на Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид“
реба да се обезбедат чесни правила за набавки, да се воспостави едноставна административна процедура и да се подобри деловната клима за да се привлечат нови директни инвестиции, рече амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.
Цените на угостителските услуги во август годинава остана на исто ниво како и во претходниот месец, а во споредба со ланскиот декември се повисоки за 0,2 отсто
Растот на Бруто домашниот производ (БДП) од 13,1 процент во вториот квартал од годинава укажува дека кризата одминува и економијата заздравува, оцени денеска премиерот Зоран Заев.
Планот за здравување и финансирање забрзан раст е комплементарен документ од Интервентниот план за инвестиции 2021-2027.
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 отсто.
Заев и Бесими истакнаа дека националната економија е стабилна. Очекуваат раст од 4,1 отсто за оваа година и просечен годишен раст од 5,4 проценти во следните пет години.
Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2021 година е 13,1, при што извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2 отсто, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4 отсто.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 6.041 лозар исплати над 151 милион денари
Реализацијата на тековните проекти и динамиката на нивното изведување, како и инвестиции во нови проекти од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, екологијата, беа тема на денешната средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со потпретседателот на ЕБОР Јурген Ригтеринк, што се одржа во Министерството за финансии, пред почетокот на Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид“.