Државниот завод за статистика соопшти дека трговијата на мало во јули 2021 година бележи раст на прометот во однос на јули 2020
Бројот на работниците во индустријата во јули 2021 година е намален за 0,8 отсто во однос на јули 2020 година, а во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот периодот лани покажува пад од 2,2 процента
Во второто тримесечје од 2021 година стапката на слободни работни места изнесува 1,78 отсто, соопшти Државниот завод за статистика
Индустриското производство во јули 2021 година е намалено за 0,6 отсто во однос на јули 2020 година, а во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот период лани бележи зголемување за 5,4 проценти
Првиот потпретседател на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Јурген Ригтеринк во понеделник и вторник ќе престојува во посета на земјава. Предвидено се средби со државниот врв и бизнис заедницата на кои ќе се разговара за посветеноста на ЕБОР во однос на активностите во земјава
Кодекс на добри практики за финансиска едукација е усвоен од страна на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, со кое раководи Народната банка
Народната банка попладнево соопшти дека во вториот квартал од годинава кај трансакциите со нерезиденти остварени се нето приливи од 69,1 милиони евра.
Народната банка соопшти дека во јули продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и се сведе на ниво од 4,50 отсто
Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во вториот квартал на 2021 година, изнесуваат 152.572 милиони денари и се повисоки за 6,363 милиони денари на квартална основа
Околу 500 градежни професионалци, 2000 работници, 1200 станари или сопственици на објекти, над 50 професионални организации и 200 компании, е предвидено да бидат дел од тригодишниот проект „Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вреднувани– SEEtheSkills”