Има позитивен развој на билатералните односи помеѓу двете држави и можности за натамошно унапредување, беше констатирано на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и новоименуваниот амбасадор на Јапонија во земјава, Хиронори Савада.
Народната банка, повикувајќи се на најновиот извештај на кредитната агенција „Стандард и Пурс“, наведува дека оценките за работата на централната банка се дека таа успешно ја одржува стабилноста на банкарскиот систем.
Агенцијата нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку континуираните структурни реформи ги зајакнат институционалните капацитети истовремено зачувувајќи ги одржливите фискални политики.
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во соработка со Германскиот сојуз на синдикати преку проектот „Faire-Mobilitaet“, за работниците кои се заминати на работа или планираат да заминат на работа во Германија, овозможува да добијат бесплатна правна помош и совети за нивните работнички права кои треба да ги имаат при работа во таа земја.
Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 отсто.
Овој износ, додаваат, ни е доделен во рамките на новата општа распределба на СПВ на ММФ и соодветствува со нашата квота во ММФ.
Од 2014 година е претседател на Атинската трговска комора и член на Стопанската комора на Грција, а во август 2021 година, стана претседател на Унијата на грчките стопански комори.
Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг ББ-, со стабилен изглед за Република Македонија.
На 21 август одбележуваме значаен јубилеј, 75 години од основањето на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Превенцијата во насока на заштита на јавното здравје, како што оценија вчера од угостителско-туристичкиот сектор, е приоритет, но истовремено треба да се има предвид потребата од мерки со кои ќе се овозможи поддршка и опстојување на компаниите.