Со бескаматната кредитна линија „Ковид 4“, во износ од десет милиони евра, што ја промовираше Владата вчера како дел од шестиот пакет антикризни мерки, се предвидени грантови до 15.000 евра за фирми од најпогодените сектори – туризам, угостителство, ивент индустрија, приватни здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, доколку отворат нови работни места и ги зголемат приходите
Народната банка денеска ќе одржи виртуелна промоција на Првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија
Претседателот на Занаетчиската комора на Северна Македонија Агрон Фазлији и претседателот на Комората на органски производители Драган Цветковиќ, денеска во Куманово потпишаа Меморандум за соработка.
Синдикалните централи, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска и Унијата на слободни синдикати на Црна Гора потпишаа Меморандум за разбирање за трилатерална прекугранична соработка
Од утре, 8 јули, од 09:00 часот почнува аплицирањето за бескаматниот кредит од кредитната линија за трговски радиодифузни друштва. Јавниот повик за оваа кредитна линија беше објавен на 1 јули 2021 година, а ќе трае 30 дена.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство очекува добри приноси од годинашната реколта и да се соберат околу 260.000 тони пченица, истакна министерот Арјанит Хоџа на првиот ден од почетокот на жетвата во ЗК „Пелагонија“-Битола
Трошоците на животот во јуни годинава, во однос на јуни лани, бележат зголемување од 2.7 отсто, а цените на мало порасначле за 4.0 проценти, соопшти Државниот завод за статистика
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска во Владата ја промовираше бескаматната кредитна линија „Ковид 4“, во износ од десет милиони евра, како дел од шестиот пакет антикризни мерки
Сметам дека во овој период особено во период после пандемијата со Ковид-19 и те како е важно да биде донесен законот за отпис на камати затоа што навистина ќе им помогне на повеќе од 150 илјади граѓани, изјави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата на која беше презентирана бескаматната кредитна линија Ковид 4
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – мај 2021, изнесува 2 825 215 000 евра и бележи пораст од 44.3 отсто во однос на истиот период од претходната година