Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити. Народната банка денеска објави дека во април е забележано намалување и оти просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,58 проценти.
Индустриските претпријатија во 2020 година вкупно зафатиле 2.203 милиони кубни метри вода, а најголемо учество од 98,3 отсто имал секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
Бројот на работниците во индустријата во април годинава е намален за 1,7 отсто во споредба со истиот месец лани, а во првите четири месеци од годинава бележи намалување од 3,1 отсто во споредба со истиот период од минатата година
Во првиот квартал годинава во споредба со четвртото тримесечје од минатата година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2,4 проценти, трошоците за материјали за 4,6 проценти, додека трошоците за вработените се пониски за 1,7 проценти
Индустриското производство во април годинава е зголемено за 46,1 отсто во споредба со истиот месец 2020 година, а во првите четири месеци од годинава пораснало за 3,7 отсто во однос на истиот период лани
Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува на исто ниво, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика
На компаниите од угостителството и туризмот им недостига 50 проценти од потребниот кадар, пред се келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи, покажуваат резултатите од интерната анкета што ја спроведе Стопанската комора кај големите ресторански и хотелски капацитети кои се нејзини членки од кои голем број не беа и се уште не се во функција
Народната банка, како и сите супервизори ширум светот, преку теренско и вонтеренско следење на банките, екс пост, односно откако кредитите се одобрени, врши оцена на ризикот што го презеле банките со одлуките коишто ги донесле
Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија Нина Ангеловска и директорот на Агенција за заштита на личните податоци Имер Алиу денеска потпишаа меморандум за соработка со цел зајакнување на меѓусебната соработката во обезбедување на информации, едукација и поддршка на членовите на Aсоцијацијата во усогласување на нивното работење со законските регулативи
Како и секоја година ширум светот, така и оваа, посочуваат, Делегацијата на германското стопанство во Македонија спроведе анкета за деловната клима, со која се информираше за мислењето кај компаниите-членки