Објавен е јавниот повик за финансиска поддршка за угостителите кои имаа целосна забрана за гости, соопштил вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната седница на Комисијата за јавно – приватен дијалог.
Во март е забележано намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и на депозити, објави денеска Народната банка.
Јавниот и државниот долг во првото тримесечје од 2021 година, по повлекување на средствата од осмата еврообврзницата, забележуваат благ раст од 2,3 и 2,9 процентни поени респективно. Јавниот долг изнесува 62,5 отсто, додека државниот изнесува 54,1 отсто, соопшти Министерството за финансии.
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија од утре започнува со виртуелни протести, информираа денеска од КСС на прес-конференција, што ја одржаа по повод седницата на Економско-социјалниот совет и првомајските празници.
Според координаторот на здруженијата, Игор Мирчески, производителите не се согласуваат со тоа што го кажал премиерот на собраниската говорница.
Според него, хотелите на крајбрежјето ќе бидат исполнети околу 20 отсто, што е значително помалку во однос на претходните години, кога за велигденските и првомајските празници капацитетите биле исполнети речиси до максимум.
Изборот на Павлина Црвенковска за Претседател на Судскиот совет и тоа едногласно, со оглед на околностите врзани за сега веќе избраниот Претседател, не може да биде толкувано поинаку освен аминување на ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ во Еуростандард банка.
– Нема шанси да се заврши патот во овој рок. Од тие причини водиме преговори со изведувачот, компанијата „Синохидро“ за продолжување на рокот. Деновиве сме во интензивна комуникација и очекувам до средината на мај дојдеме до заедничко решение, рече Рустеми.
Не е в ред секое заболување од коронавирусот да се смета за професионално заболување, изјави денеска претседателот на Организација на работодавачите, Ангел Димитров одговарајќи на новинарско прашање за барањето на ССМ за прогласување на Ковид-19 за професионално заболување
Годишниот извештај на Народната банка за 2020 година и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2020 година се усвоени на денешната седница на Советот на НБ