Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и ENTERPRISE GREECE како грчка официјална агенција за инвестиции и трговија во Атина потпишаа Меморандум за разбирање во полето на инвестиции и надворешна трговија.
Од податоците за последните три години што Централниот регистар ги објави денеска може да се забележи дека во 2020 година по сите основи биле избришани 6.214 фирми, додека во 2019 година – 7243 фирми, а во 2018 – 6864 фирми.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 112 (53,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 20 (9,6 проценти) за објекти од нискоградба и 76 (36,5 проценти) за објекти за реконструкција.
Од денеска тутунарите може да го пријавуваат вишокот тутун во подрачните единици на Министерството за земјоделство. Ова е дел од договорот постигнат на вчерашниот состанок со откупувачите и министерот за земјоделство Арјанит Хоџа
Македонската асоцијација на рударството (МАР) при Стопанската комора на Македонија апелира до Собранието измените на Законот за минерални суровини да не се носат по скратена постапка и укажува дека станува збор за комплексен закон, за чии измени и дополнувања е потребна широка јавна расправа, поради што бараат да се стопира постапката и да биде повлечен Предлог-законот од дневниот ред на 30-тата собраниска седница
Предлог-измените на Законот за Развојната банка, со кои треба да се операционализира гарантниот фонд, денеска поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет по што треба да се најдат на усвојување на пленарна седница
Ова го договорија денеска производителите и откупувачите, на средбата со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа во Скопје.
Десеттото јубилејно издание на BIWC - Балкански интернационален вински натпревар ќе се одржи помеѓу 2-ри и 4-ти јуни годинава во Скопјe, а Балканскиот фестивал на виното ќе се одржи во Софија помеѓу 17-ти и 19-ти јуни 2021 година
Ова се барањата за економско заздравување што Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) денеска ќе ги достави до Владата, откако претходно, на прес-конференција, ги соопшти пред медиумите.
Годинава нашата економија ќе се врати на патеката на економскиот раст, додека следната година ќе го достигне преткризното ниво