Во третиот квартал годинава се реализирани 43,5 милиони евра кон домашните е-трговци, додека за првите девет месеци од годината 117,3 милиони евра, што е раст од 123 проценти споредено со 2019 година, кога вредноста изнесувала 52,7 милиони евра
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека се размислува за дополнителни мерки кои би биле во насока на поддршка на угостителскиот сектор по најновата одлука за скратување на работното време до 18 часот.
Две иновативни алатки за промоција на гео-локации кои располагаат со богато културно и историско значење и будат имапкт во туристичката понуда ќе бидат изработени до крајот на месецот. Алатките ќе бидат бесплатни и ќе можат да ги користат IOS и Android корисници
Последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, но неизвесноста и ризиците од пандемијата предизвикана од Ковид-19 и натаму се присутни, како во глобални, така и во рамки на домашната економија, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка
Ако имаш храброст и знаење за развој на иновативна идеја БИТОЛА СТАРТ-АП е твоето место. Започни нешто свое и докажи дека И од Битола се може(и)., вака, беше најавен почетокот на отворениот повик за аплицирање со бизнис идеи на БИТОЛА СТАРТ-АП ЦЕНТАР кој на нозе ќе исправи многу идеи кои ќе станат реални бизниси во Пелагонискиот регион
На македонската страртап сцена Струмица има потенцијал етапно да се развива, вели претседателот Дејан Алексов од Стартап Македонија на денешното претставување на дигиталната екосистем платформа како дел од караванот за нејзина промоција низ Македонија
Во Собранието на Република Македонија денеска е закажана пленарна седница на која како прва точка на дневниот ред е ставен Дополнетиот предлог-буџет за 2021 година во второ читање
По растот од 178% во вредноста на онлајн трансакции со домашни картички кон домашните е-трговци во вториот квартал од 2020 споредено со минатата година, Македонците продолжиле и во третиот квартал со засилено темпо да вршат онлајн трансакции
Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Развојната банка на Македонија, Кире Наумов денеска ќе информираат за почетокот на поднесувањето на барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, Ковид 3
Владата ги објави списокот со компании кои добиле помош од државата преку анти-ковид мерките, но парите не им ги исплатиле на работниците.