Кредитни барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, Ковид 3, која ја реализира Развојна банка на Македонија може да се поднесуваат од вечер на полноќ. Третата бескаматна кредитна линија се реализира со финансиска поддршка од Европска Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата во вкупен износ до 30 милиони евра и со буџетска поддршка во износ од 1 милион евра
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара итно од Управата за јавни приходи (УЈП) блокираните средства да ги прераспределат на сметките на оштетените работници за плата, за да можат работниците да го надминат тешкиот период за нив и нивните семејства
Економскиот инвестициски план за Западен Балкан е нов стимул за економски раст, беше истакнато на седницата на Националниот инвестициски комитет со кој претседаваше премиерот Зоран Заев заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир
Денеска е краен рок за искористување на ваучерите за туризам, потсетува Министерството за економија
Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери Крсте Блажески во изјава појаснува дека хотелските капацитети работат со загуби, и оние отворените немаат ниту пет отсто промет.
Во октомври годинава се издадени 270 одобренија за градење, што е за 12,3 отсто помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во октомври 2020 година бил 33 929 што е намалување за 65,1 отсто во однос на истиот месец лани, а бројот на ноќевањата 80 612 што е пад за 59,7 проценти.
Електропреносните систем-оператори на Македонија и на Косово, МЕПСО и КОСТТ, склучија оперативен договор за организирање аукции за закуп на расположливи преносни капацитети со што се создадоа услови за директно тргување со електрична енергија меѓу двете земји
Цените на нафтата денеска се зголемија, поттикнати од надежите дека почетокот на дистрибуцијата на вакцини за коронавирусот ќе ја зголеми глобалната побарувачка за гориво, но и од веста за експлозијата на танкер со нафта во Саудиска Арабија, што предизвика нервоза на пазарот
Угостителите од Охрид од здружението „Охридски еснаф“ сметаат дека мерките за дополнително скратување на работното време на нивните објекти за време на престојните празници само ќе придонесат за уште поголем ризик од појава на нови кластери на коронавирусот.