Монетарната политика во наредниот период ќе остане релаксирана. Притоа, секако, ќе се води сметка за одржување на стабилноста на девизниот курс, ценовната и финансиската стабилност, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и порачува овој период да се искористи за финансирање продуктивни и иновативни проекти
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека во време на пандемија кога се соочуваме со човечки жртви се непотребни обвинувања.
-Можам да кажам дека и тие двајца си ја сакаат татковината, рече вицепремиерот Битиќи.
Деловното здружение „Житунија“ предложи Србија да покрене иницијатива до владите на Македонија и на Босна и Херцеговина за укинување на прописите со кои се регулира обврската за ставање евиденциски маркици на брашното за човечка исхрана, бидејќи, според нив, оваа одредба претставува нецаринска бариера и злоупотребите се чести, пишува денешна белградска „Политика“
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ја известува јавноста дека од Друштво за управување со приватни инвестициски фондови „Глобал Инвестмент Корпорејшн” – Доо Скопје до Комисијата за хартии од вредност досега нема поднесено никакво барање
Потпишувањето на овој Меморандум произлегува од стратешките определби на двете институции и нивната комуникација во рамките на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем
Скопје го реализираше својот најголем партнерски проект во сегментот обновливи извори на енергија. Станува збор за фотоволтаична централа со вкупна инсталирана моќност од 296,40 kW, која е поставена на покривот на текстилната фабрика Мода Свети Николе. Централата е веќе пуштена во употреба и произведува „зелена“ електрична енергија за потребите на фабриката
Падот од 14,9% во второто тримесечје од годинава, кога започна кризата, во третото тримесечје е ублажен на -3,3%, со позитивен придонес на бруто-инвестициите и јавната потрошувачка, за што пак придонесуваат преземените мерки од страна на владата за внесување на ликвидност во стопанството.
Во услови на криза, кога на компаниите им треба свеж капитал, обезбедувањето евтин капитал, рече Бесими, е најдобар начин да им се помогне за да ја подобрат својата ликвидност и конкурентност на странскиот пазар.
Стопанската комора на Северо-Западна Македонија денеска преку хибридна презентација ќе го претстави јубилејното 10-то издание на ТОП 100 најуспешни компании