Согласно одлуката, ТЕ-ТО е должно да го плати долгот кон УЈП, а доколку во рамки на законот постои можност и се постигне договор, тогаш долгот да се плати на рати.
Владеењето на правото и борба против криминалот, корупцијата и митото, како и борбата со сивата економија се едни од нашите главни определби и приоритети.
Денеска официјално започна 9-то издание на Самитот Македонија2025 во хибридна/ виртуелна форма, со воведни поздравни обраќања од страна на Вера Ставроф, претседавач на Одборот на директори на Македонија2025 и Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија2025.
Работодавачите од денеска поднесуваат барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработените за ноември годинава БФП-ИП/2 , а физичките лица кои вршат самостојна дејност поднесуваат барање за финансиски средства БФС-СВД/2.
Највисока стапка на слободни работни места од 4.69 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала стапка од 0.17 % бележат секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување.
Се друго според КСС би било неприфатливо од причина што ќе се направи дискриминација со селектирање кој може, а кој не може да работи во недела.
На релацијата Скопје-Киев од 6 декември (недела) се воведува редовна авиолинија. Новите летови, што се воспоствуваат првпат меѓу Украина и Македонија, ќе ги реализира авиокомпанијата WINDROSE. Летовите 7W791 / 792 ќе се извршуваат секој четврток и недела
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува во првиот квартал следната година да биде избран изведувач за првите две делници од пругата кон Бугарија.
Денеска беше презентиран третиот повик за предлог-проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија
Тој потенцираше дека се наоѓаме во фаза во која се неопходни крупни инвестиции во инфраструктурата како предуслов за закрепнување и брз развој на државата, посебно кога поради ковид кризата речиси сите дејности бележат негативни биланси.