Јавните набавки се уредени со строги закони и преку висок степен на транспареност се прави сериозен обид можноста за злоупотреба да бидат сведени наминимум, но и покрај тоа постои простор за подобрување на системот.
Народната банка, во рамки на Деновите на финансиска писменост, што ќе се одржат следната недела, организира неколку едукативни презентации преку видеоконференциска врска
Управниот одбор на АД „Пошта на Македонија“ на денешната седница ја прифати конечната понуда за соработка на „Халк банка“ АД Скопје како најповолна, согласно усвоените критериуми за евалуација на понудата.
Според оценката на раководителите на фирмите индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври во однос на септември годинава е зголемен за 0,8 проценти, а во однос на октомври минатата година за осум проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз во третиот квартал годинава изнесува 9 824 000 и во однос на истиот период од претходната година е намален за 44,1. отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Со поддршка на сет мерки за политички ангажман, техничка помош и инвестиции, Европската банка за обнова и развој ќе го поттикне приближувањето на земјава кон Европската унија
Во текот на наредната година ќе продолжи реализацијата на магистралната траса на гасоводот од Скопје до Гостивар, а паралелно ќе се работи и на воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на дистрибутивната мрежа во земјава за што веќе се обезбедени и експерти од страна на ЕБОР, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Во организација на Gitr Macedonia, од 1-ви до 3-ти декември ќе се одржи Старт-ап натпревар
Буџетот на Министерството за економија за 2021 година е предвидено да изнесува 826 милиони денари од кои 130 милиони денари се предвидени за плати и надоместоци на вработените, 167 милиони денари се наменети за капитални расходи, а 190 милиони денари за субвенции, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје од годинава изнесува 4 944 169 000 денари, што е 15,7 отсто зголемување во однос на истиот период лани.