Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави Предлог-буџетот за 2021 година до претседателот на Собранието Талат Џафери и на овој начин, како што информираат од Министерството за финанси, е симболично одбележано влегувањето на Предлог-буџетот во највисокото законодавно тело
Премиерот Заев истакна дека една од извесните инвестиции во форматот јавно-приватно партнерство е предвидена и за ТЕЦ Неготино за нејзина трансформација во електро-централа на хидроген
Фондот за осигурување депозити досега преку четирите банки преку кои се врши обештетување на штедачите од Еуростандард банка има исплатено 3,3 милијарди денари, што претставува 80 отсто од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување
Здружението на оштетени штедачи на „Еуростандард банка“, повикувајќи се на извештајот од стечајниот управник, денеска преку соопштение информира дека на денот на затворањето на банката на 12 август имало 149 фирми со неисплатени кредити во вкупен износ од околу 55 милиони евра
Средствата од буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2021 година, тежок 50 милијарди денари, главно се насочени кон продолжување на социјалната реформа, грижата за најмладите, намалување на невработеноста и намалување на сиромаштијата, инфомрираше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска
Заздравување на економијата, забрзан раст, заштита на здравјето на граѓаните на работните места, на стопанството, кратење на неприоритетените трошоци и подобра реализација на капиталните расходи се целите на буџетот за 2021 година што Владата го усвои и го праќа во Собранието, а кој според предлагачот е проектиран на реално ниво
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи денеска ќе го презентира новиот концепт на Економската дипломатија, кој произлегува од предвидените приоритети на Мандатната мисија на МНР
Работодавачите до Управата за јавни приходи може уште денеска да поднесуваат барања за државна помош за зачувување на работните места. Рокот, како што рече директорката на УЈП Сања Лукаревска, е пролонгиран заради прекинот во аплицирањето поради преопторавеност на системот
Законот за државна помош излезе во Службен весник, но дел од фирмите ниту вчера - за кога беше најавен крајниот рок за аплицирање за државна помош, пак не успеаја да поднесат документи. Реагираат дека пречката за компаниите да конкурираат и натаму не била елиминирана.
Проектираниот раст од 4,1 процент на БДП за 2021 е оптимистично и е логично што најголемиот дел од средствата во 2021 се планира да се наменат на социјална и здравствена заштита и за економијата, смета Данела Арсовска, претседателка на Соујзот на стопански комори.