Годинашнава реколта тутун е помала, но е квалитетна, нагласуваат од Сојузот на земјоделските здруженија
Оваа мерка, како прво, според Бесими, ќе претставува мрежа за заштита на дестици илади работни места во државата, односно ќе овозможи голем број работници да ги задржат своите работи места во овој период на криза.
Евентуалната приватизација или јавно-приватно партнерство на националната Пошта за што во наредниот период ќе се изработува физибилити студија првично нема да влијае на намалување на цената на универзалната услуга.
Ранливите категории на граѓани и пензионерите со ниски примања средства од помошта во рамки на четвртиот пакет мерки ќе ги добиваат директно на транскациски сметки, а не на платежни картички како што беше претходно
Во Скопје за симнување фајл со големина од 10GB операторот А1 Македонија ДООЕЛ обезбедува брзина за пренос на податоци од 102.971 Mbps, додека кај Македонски Телеком АД Скопје брзината е 62.297 Mbps.
Инфо-сесијата ја организира проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, а целта е идентификување на предизвиците со кои се соочуваат сметководствените компании и дефинирање конкретни предлози и решенија за подобрување на регулативата и условите за вршење сметководствената дејност.
Царинската управа до Основното јавно обвинителство во Велес поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во Велес и против одговорното лице во правното лице со иницијали Б.А., поради основано сомневање дека е сторено кривично дело „Избегнување на плаќање акциза“
Гасоводната делница Скопје-Тетово Гостивар во должина од 86 километри заклучно со септември е реализирана на ниво од 66 проценти, со проценки дека целосно ќе биде завршена во втората половина на идната година,вклучувајќи ја изградбата на мерните станици и краците кон градовите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, при увид на градежните активности на терен
Монетарната политика на Европската централна банка (ЕЦБ) има позитивни преносни ефекти врз македонската економија и воопшто, врз економиите во нашиот регион. Таа овозможува јавниот и приватниот сектор да имаат непречен пристап до финансирање преку меѓународните финансиски пазари
Само 38 отсто од жените во руралните средини се сметаат за економски активни, а околу 22 процента од семејните земјоделски стопанства се регистрирани на жени или минимални 38.328 од вкупно 175.088. Жените во руралните средини просечно работат по околу 11 часа на ден