Единствена причина поради која беа поднесени барањата за зголемување на маржата е за да им се врати ликвидноста која им е ослабена поради намалената потрошувачка на нафтените деривати, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
До денес се исплатени и близу 10 милиони денари по основ на обесштетување на наследници на депоненти на „Еуростандард банка”.
Ранливите категории на граѓани не смеат да бидат исклучени од системот на електрична енергија во декември, јануари и февруари поради неплатени фактури, истакна денеска повторно претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на состанокот со енергетските компании.
Преку партнерството, InOne.mk и Уни Банка за сите заеднички клиенти обезбедуваат единствена поволност – попуст од 140 ЕВРА за сите трошоци во првата година од отварање на онлајн продавницата.
Собранието ја почна распоравата по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2020 година, кој ги содржи и амандманите од комисиската расправа. Согласно Деловникот расправата трае пет работни дена
Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција – на високо ниво и постојано се во сигурната зона
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) наскоро ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи физибилити студија за влијанието на 5Г мрежата врз здравјето на луѓето како основа за натамошните чекори кои ќе се преземат, врзани за развој на 5Г мрежата во земјава
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир денеска го означија почетокот на повикот за предлог-проекти „ЕУ за општините“
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска оствари средба со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс, со кого разговараше за актуелните состојби поврзани со мерките за поддршка на економијата во услови на пандемија, како и за економската соработка и поддршката што Унгарија и ја дава на земјава во процесот на пристапување кон ЕУ
Заклучно со вториот квартал годинава во државава имало 1. 777.194 активни претплатници во мобилната телефонија. Од нив 259.463 се деловни постпејд линии, додека кај резиденцијалните 851.325 претплатници се постпејд, а 666.406 припејд