Развивањето на платните системи, создавањето простор за унапредување и развивање на пазарот на платежни услуги и поддршката на примената на нови иновативни технологии во финансискиот сектор се дел од приоритетите на Народната банка
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија ги известува потрошувачите дека можат да достават приговор до РКЕ доколку добиените сметките за електрична енергија отстапуваат од реалната потрошувачка на електрична енергија
Народната банка информира дека до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка АД Скопје, сега во стечај.
Само во Струга бројот на активни баратели на работа од март до август годинава се зголемил за околу 30 проценти.
На средбата се разговараше и за планираното поставување калориметри, изградбата на приклучоците, поедноставувањето на постапката за добивање одобренија за градење при изградба и на мрежата за топлинска енергија и за природен гас, како и инфраструктурата при приклучувањето.
Ситуацијата е комплексна и затоа граѓаните штедат и го купуваат она смо што им е неопходно дури и ако им се дозволи 18 проценти поврат на ДДВ, велат дека ќе си го купат она што им треба, рече денеска премиерот Зоран Заев прашан зошто само мал дел од граѓаните го искористиле викендот без ДДВ.
Управата за јавни приходи го заокружи првиот Викенд без ДДВ преку кој граѓаните можеа да остварат враќање на целосниот износ на ДДВ за купените македонски производи и услуги и компјутерска опрема.
Градежната комора на Македонија поддржува измени на законската регулатива кои ќе значат подобрување на квалитетот на градба и ќе придонесат за заштеда на енергија и примена на повисоки стандарди за заштитата на животната средина
Караван за зелена економија, во текот на вчерашниот ден, го обиколи скопскиот регион, во организација на регионалниот проект „Вмрежување и застапување за зелена економија“, финансиран од ЕУ. Караванот, на кој присуствуваа повеќе од 30 претставници на граѓански организации, направи неколку запирања во скопската околина, за да ги запознае учесниците со примери на зелено претприемништво
Парното стартуваше од 15 октомври како што е предвидено и функционира без никаков проблем. Во овој момент немаме ниту една поплака од граѓаните, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски