Владата в недела ќе ги објави мерките од четвртиот пакет. Денеска се одржуваат последните консултации на економскиот тим министри со претставници на коморите, за утре е закажн состанок на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со Економско социјалниот пакет и во недела Владата треба да одлучува на седница закажана за во 10 часот
Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации) ќе работат на дигитализација на услугите што ги нудат општините за граѓаните
Недоволно содржини, атракции, сместувања, услуга, управување со отпад и придржување до протоколите, се само дел од сегментите што ќе мора брзо да ги подобриме ако сакаме во викендите до крајот на годината да имаме туристи во домашните капацитети
Иднината на иноваците и образованието, поддршката преку програмите на ЕУ, како и предизвиците и идните планови за Западниот Балкан беа во фокусот на панелот „Иновативна агенда за Западен Балкан“ во рамки на Европски денови на истражување и иновации кои се оддржуваат онлајн од 22 до 24 септември
Искуствата покажуваат дека за побрза реална конверегенција, за малите и отворени економии се неопходни забрзување на извозот и продлабочување на интеграцијата во меѓународната економија, истакнува гувернерката на народната банка Анита Ангеловска-Бежоска .
Во фокус на средбата беше неопходноста од носење на пакет економски мерки кои ќе дадат директна помош на стопанството.
Беркан Имери, досегашен неизвршен член на Надзорниот одбор на Халк Осигурување АД Скопје е именуван за нов претседател на НО на осигурителната компанија.
Ќе видиме за реалокација на средствата и евентуално дополнително финансирање, дали ќе биде од резервната база од буџетот или ќе има дополнителен заем, тоа ќе се финализира последниот ден кога ќе знаеме колку можеме да кратиме од актуелниот буџет.
Досега не е видено како Влада да имаме толку брз одговор на потребата и ситуацијата со лозарите и искрено не сметам дека ќе бидат оштетени. Ова е едно решение во кое сите добиваме, ние како Влада, винариите и лозарите, а кога се сите добитници некој помалце губи.
Веројатно викендов ќе можеме да одговориме дали е потребно ново задолжување или не. Во државата не е проблем нивото на задолжување, туку проблемот од минатото беше дали и каде ќе одат тие средства, порача денеска вицепремеирот за економски прашања Фатмир Битиќи.