Над 50 дела, уметнички карикатури содржи изложбата на уметникот и карикатурист Златко Крстевски отворена во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп
По кусо боледување, утрово на 86-годишна возраст почина Тамара Арсовска, член на Друштвото на писатели на Македонија од 2004 година
Краткометражниот филм „Скаут“ во режија на Алекс Цветков е селектиран во компетитивната програма на најзначајниот филмски фестивал за краткометражен филм во светот „Л.А. Шортс“, што ќе се оддржи од 17 до 25 јули во Лос Анџелес, Калифорнија
Во рамки на „Скопско лето“ вечер од 21 часот на плоштадот „Сквер Јадран“ концерт ќе има новиот дувачки квинтет „Брастет Скопје“, формиран годинава од музичари со повеќегодишно искуство
Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ од денеска до 29 јуни во Куќата на Уранија во Охрид организира лингвистичка работилница во рамки на манифестацијата „Научна и уметничка визита 2019
Наталија Богатинова од село Градец и Александар Петровски од Делчево се младенците кои ќе бидат главни носители на придружната манифестација Пијанечко-малешевска свадба, што во функција на туристичка понуда на регионот по 13-ти пат ќе се одржи во Делчево
Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) повторно ја отвора Галерија 8, Безистен во Старата скопска чаршија во која еднаш месечно негови членови – уметници ќе имаат можност да се претстават пред јавноста
Кумановскиот театар вечер од 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Недоразбирање“ од Албер Ками, во режија на Драгана Таневска
Вечерашниот концерт на контратенорот Бојан Булатовиќ и пијанистката Драгана Димиќ од Србија во рамки на „Скопско лето“ од технички причини ќе се одржи во Музејот на македонската борба намество во Даут-пашин амам, соопшти организаторот
Во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде промовирана книгата „Маалски прикаски (1+2)“ на новинарот Синиша Станковиќ, која во издание на „Или – или“ деновиве излезе од печат