До 21 октомври годинава е продолжен рокот за пријавување на конкурсите за млади поети и за млади уметници на Агенцијата за млади и спорт (АМС).
Актерот Петар Мирчевски и писателот и ликовен уметник Димитри Дурацоски се годинашни добитници на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста. Во областа на науката „11 Октомври“ за животно дело му се доделува на академик Љупчо Коцарев
Со прогласување на годинашниот лауреат и свечено доделување на признанието на познатиот актер и режисер Коле Ангеловски, денеска официјално беше отворен 11. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски” во Крива Паланка
Во октомврискиот број на стрип-магазинот „Парабелум“, кој овој викенд официјално ќе биде промовиран на вториот Меѓународен салон на стрип во Бања Лука, со свои дела е застапен и Александар Стеванов од Штип. Станува збор за стрипот „Сламберленд“ кој по негово сценарио го илустрира Наташа Коњевиќ од Бања Лука
Фестивалот „Охридско лето“ жали за големата загуба, смртта на американската оперска дива Џеси Норман (74), за која од управата на институцијата велат дека ќе остане запишана во фестивалската историја како една од најголемите ѕвезди кои настапиле на охридската фестивалска сцена
Долгометражниот игран филм „Глас“ на хрватскиот режисер Огњен Свиличиќ, во кој малцински копродуцент е „Скопје филм студио“, влезе во програмата на 24. Интернационален филмски фестивал во Бусан, Јужна Кореја (Busan International Film Festival-BIFF), еден од најзначајните азиски фестивали, кој ќе се одржува од 3 до 12 октомври
Со отворање на изложбата на карикатури и прогласувањето на најдобрите карикатуристи во Виница почна меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“
Министерството за култура распиша конкурс за државната награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“
По повод Светската недела на детето, Театарот за деца и младинци (ТДМ) денеска ќе ја изведе претставата „Гига мега бајка“ за ученици со посебни потреби од училиштето „Златан Сремац“ и децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци
Граѓански Центар „АктивУм“ од Куманово објави конкурс за прибирање фотографии кои го документираат Куманово. Право на учество имаат сите граѓани кои можат да достават четири фотографии кои ќе го афирмираат духовното, културното у традиционалното наследство на Куманово, преку архитектура, обичаи, мода, современ живот, улични настани и слично