Седум филма се во официјална селекција на 4. Интернационален фестивал „Киненова“ посветен на дебитантски филмови, од кои четири се остварувања од балканската кинематографија
Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложбата на академскиот сликар Тони Чатлески во која се изложени 18 дела масло и акрил на платно и комбинирана техника, од неговиот циклус „Древниот сон“ кој содржи вкупно 91 дело.
Кумановци вечерва ќе имаат можност да го видат етнолошкиот документарен филм „Мека душа за тврдо железо“ од авторките, етнолози во кумановскиот музеј, Надица Петковиќ и Валентина Илиевска
Ако имате грамофон во подрум, може да го подготвите за музика зашто плочите се враќаат на голема врата
Археолошкиот музеј во рамките на Европските денови на културно наследство и во согласнот со годинашната тема „Уметност и забава”, денеска ќе организира креативна работилница за деца со аутизам, АДХД или со Асперегов синдром, кои доаѓаат од здружението „Во мојот свет”
Над стотина иноватори од повеќе од 20 држави ќе ги изложат своите креативни и иновативни идеи на третиот Меѓународен саем на пронајдоци, иновации и нови технологии „Иновамак 2019“ што се отвори денеска и ќе трае до 26 септември во Скопје
Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) од 27 септември почнува со кинодистрибуција во повеќе градови низ Македонија. Филмот, кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, освен во Скопје, ќе се прикажува и во Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Битола, Куманово, Свети Николе и Охрид
Загадената животна средина, неподносливите услови за живот на планетата Земја и барањето живот на друга планета е сижето на филмот „Раса“ на чија продукција во Соединетите Американски Држави работи и младиот тетовец Игор Томески, која има американско универзитетско образование во областа на филмот и режијата. Жанрот на филмот е акција-авантура со елементи на научна фантастика
Монографијата „Скопје. Осум милениуми живот, култура, творештво“ од авторите Драги Митревски, Виктор Лилчиќ Адамс, Елица Манева и Елизабета Димитрова ќе биде промовирана вечер во Охрид
Македонскиот народен театар вечер од 20 часот ќе ја изведе „Бесачи“ – прва премиера во новата сезона