Археолошкиот музеј во рамките на Европските денови на културно наследство и во согласнот со годинашната тема „Уметност и забава”, денеска ќе организира креативна работилница за деца со аутизам, АДХД или со Асперегов синдром, кои доаѓаат од здружението „Во мојот свет”. Работилницата е насловена „И јас можам” и ќе се одржи во едукативното катче „Млади археолози”.

– Како општествено одговорна институција која е музеј за сите, ја промовираме инклузивноста со редовно организирање едукативни работилници кои имаат цел поттикнување на креативноста и имагинацијата на лицата со попреченост. Археолошката едукативна работилница има програми за сите деца од предучилишна и училишна возраст. Интерактивните содржини и можноста за креативно изразување преку моделирање со глина, цртање и пишување го привлекуваат вниманието на дечињата кои избираат да ги прославуваат своите родендени токму во катчето „Млади археолози”, соопшти Археолошкиот музеј.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2019 10:27