Ретроспективната изложба „Грабење во просторот“ (1981-2019) на Глигор Стефанов вечер, со почеток во 21 часот, ќе биде отворена во Музејот на современа уметност. Ова е прв настан во рамки на 40. издание на манифестацијата „Скопско лето 2019“
Студентите-апсолвенти од Факултетот за уметности при Универзитот во Тетово со заедничка изложба го одбележаа завршувањето на студирањето и учебната 2018/2019 година
Во рамки на активностите за збогатување на културна понуда и промоција на алтернативната арт-сцена во Охрид утревечер ќе се одржи промоција на двете нови детски книги „Шарените приказни“ и „Девојчиња и момчиња“ на македонската поетеса Ана Бунтеска
Јубилејното 40. „Скопско лето“ официјално ќе биде отворено на 21 јуни со гала оперски концерт на Националната опера и балет по диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ на плоштадот „Мајка Тереза“ со почеток во 21:30 часот
Филмови од поновата мексиканска продукција ќе бидат прикажани во рамки на Деновите на современ мексикански филм, што од 21 до 25 јуни ќе се прикажуваат во Кинотека
Промоција на книгите „Болката на јаболкото” од Санде Стојчевски, „Мини прирачник за поезија” од Елена Пренџова и „Хипербог” од Стефан Марковски, ќе бидат промовирани вечерва во Салон 19:19, во Културно-информативниот центар – Скопје
„Човек без својства – политики на маргините“ е темата на првиот дел од годинашниот КРИК – Фестивал за критичка култура што почнува денеска и ќе трае до 22 јуни
Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде премиерно прикажан првиот македонски краткометражен филмски мјузикл „Црно-бело“ во режија на Сандра Ѓоргиева
Во Скопје денеска на 76-годишна возраст почина еден од најголемите филмски режисери во државата Кирил Ценевски.
Мјузиклот „Ени Јуниор“, кој првпат беше изведен на сцената на Бродвеј во 1977 година, во преработка на македонски јазик, беше одигран во Драмски театар во Скопје