Тој беше автор на многу објекти во државата и странство. Меѓу неговите најпознати дела се Милениумскиот крст на Водно, новиот објект на МНТ и преку 550 други објекти во Македонија и светот.
Директорот на Музејот на Република Македонија Гордан Николов е назначен за амбасадор на Форумот на словенските култури
На програмата на шестиот ден од Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп се промоција на театарска литература и уште една претстава во конкуренцијата за наградите
Единаесет млади виолинисти од Македонија, Србија и Косово, придружувани од пијанистката Марија Вршкова, ќе настапат на седмиот концерт на млади виолинисти „Виолин фест“ кој вечер од 20 часот ќе се одржи во камерната сала на Филхармонија
Во Музејот на Град Скопје вечер од 20 часот ќе бидат отворени изложбите „Сон за Јапонија“ на Ана Миланова и „Хоризонт“ на Игор Таневски
Владата преку Генералниот секретаријат ќе отвори повик за печатење дополнителни изданија на граматиката на ромски јазик и речник на македонски – ромски јазик. Оваа одлука е донесена на денешната владина седница
Со богатата програма 54. МТФ „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп, денеска донесе промоции на театарска литература. Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ се промовирани три нови театарски изданија – „Вероника Самарак“ од Антон Панов и „Децата на Мнемосина“ од Ацо Гогов, во издание на Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица. Промовирана беше и книгата „Во четири очи 2“ на Борче Грозданов
Во Младинскиот културен центар на 17 јуни ќе биде отворен 13. Скопје постер фестивал на кој ќе бидат претставени делата од 13-тиот конкурс за студентски плакат
Екс – ју ѕвездата, поп-рок пејачот Ален Исламовиќ и неговиот бенд „Кад би био Бјело дугме“, ќе бидат главни ѕвезди на деветтото издание на Фестивалот на дувачки оркестри „Пехчево 2019“
Филхармонијата и годинава крајот на сезоната ќе го одбележи на отворено во Градскиот парк, овојпат со два концерта, на 23 и на 29 јуни од 21 часот. Ги организира во соработка со Младинскиот културен центар и Град Скопје