Поетскиот митинг „Стихови за душата“ – централен настан на јубилејната 20. по ред Литературна манифестација „Илинден“ со учество на реномирани поети од земјава и од регионот се одржа синоќа во Домот на културата во Општина Илинден
Литературата и уметноста не признаваат јазични и територијални граници, а Македонската книжевна визита што традиционално во месецот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј се одржува во Софија, соседна Бугарија, во организација на Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје, тоа го потврди деновиве по 12. пат
Во чест на 9 мај – Денот на Европа, Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски и Јордан Плевнеш, Претседател на Уметничкиот совет на Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа, соопштија дека добитник на престижното признание Актер на Европа 2019, е легендарната португалска театарска и филмска актерка Мариа До Сеу Гера и основач на култниот театар Барака од Лисабон
На 12 април во 12 часот, во Драмското студио на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија - Скопје, ул. „Никола Русински“ бр. 1., ќе се одржи Поетски портрет на академик Радован Павловски, еден од најзначајните творци на македонската поетска ризница, на европско и светско ниво
Во близина на мобилната галерија во Градскиот парк денеска ќе се одржи куклена претстава „Реткото момче и зборливото балонче“, по повод меѓународниот Ден на ХАЕ – 16 мај, со цел на забавен начин да им се доближат на најмалите чувствата кои ги имаат децата со ретката состојба и битките, но и начинот на кој излегуваат на крај со својата ситуација
Во Даут-пашин амам денеска, под мотото „Синергија: литература, филм, музика“, ќе биде отворен Интернационалниот литературен фестивал „Про-За Балкан“, што ќе трае до 21 мај. Новитет е воведување на нови програмски содржини на фестивалот со спој на проза, музика и филм во синергија
Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани со изложба под наслов „Урбани пејзажи“ на јавноста ѝ ја претстави уметницата Нада Ѕмбова Донева, професорка по биологија во ОУ „Свети Кирил и Методиј“
Фестивалот на детски забавни песни „Јаболчиња“ по 24-ти пат ќе се одржи денес во Тетово во центарот за култура „Иљо Антески-Смок“. Ќе се изведат 16 песни
Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија-СОФАМ, домаќин на претставници на фолклорни асоцијации од 15 држави во Европа, членки на Светската фолклорна организација-ЦИОФФ, сектор Јужна Европа, вечер во битолскиот Центар за култура организира концерт на кој ќе настапат повеќе македонски фолклорни ансамбли и културно уметнички друштва
„Господ постои името и е Петрунија“ денеска премиерно и во Штип. Филмот кој собра повеќе награди, меѓу кои и две на престижниот филмски феситвал во Берлин, ќе може да го види и штипската публика