Друштвото за издавачка дејност МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА од Скопје деновиве го објави најновиот број на списанието „Македоника“, односно бројот 21, во кој се публикувани повеќе текстови тематски поврзани со Македонија
Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска освои две награди на Деа Филмски Фестивал во Тирана што се одржа од 2 до 8 мај
Со премиера на претставата „Бакхи-краток преглед на распадот“ која на матичната сцена ќе ја изведе ансамблот на НУ Народен театар-Битола, вечер во овој град почнува 21. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама
Десетина реномирани македонски поети и писатели од сите генерации, од утре до 11 мај во Софија ќе бидат дел од 12-тото издание на „Македонска книжевна визита“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија
Романот „Последните денови на Ханс“ од младиот македонски писател Михајло Свидерски вечер ќе биде промовиран во Менада. Романот е објавен во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или
Во Кинотеката вечер ќе биде отворен 9. Филозофски филмски фестивал (ФФФ) со „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс во ревијалната програма, заедно со излагање на тема „Патувањето како потрага по нашиот идентитет“ на Марјан Вујовиќ од Југословенската кинотека во Белград
ЈУ Детски Kултурен Центар „Карпош” со поддршка од Град Скопје е организатор на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло” што од денеска до 12 мај ќе се одржи во Скопје
Со Вердиевата опера „Аида“ вечер ќе биде отворен 47-от фестивал Мајски оперски вечери, на кој до 31 мај ќе бидат изведени шест оперски и една балетска претстава. Вечерите секоја година завршуваат со „Аида“, но овојпат и ќе почнат со оваа популарна опера на Верди, во продукција на театарот „Карло Феличе“ од Џенова.
Македонскиот народен театар утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „Макбет“ во режија на Нела Витошевиќ, што ќе биде и прво поставување на оваа Шекспирова трагедија во продукција на МНТ
Дваесет и едно дело од два творечки циклуси на академскиот сликар Цветанка Јованова-Хермес од денеска се изложени во галеријата на Националната установа Центар за култура-Крива Паланка