„Грац се среќава со Скопје“ е насловен концертот на австрискиот ансамбл „Цајтфлус“ под диригентство на Едо Мичиќ, со кој вечер ќе бидат отворени 42. Денови на македонската музика
Младинскиот културен центар утревечер ќе го организира првиот настан од новиот проект „Сирова култура“, кој го почнува со идеја на младите и талентирани уметници да им отстапи простор и време да ги претстават своите дела
Сатиричарот Миле Ѓорѓијоски е победник на третиот меѓународен фестивал на хумор и сатира „Раковица 2019“ во Србија, во категоријата афоризми, на кој пристигнале повеќе од илјада афоризми на автори од целиот Балкан
Победникот на престижниот фестивал „Санденс“, документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, на 9 април ќе биде прикажан на отворањето на 15. Фестивал на европски долгометражен документарен филм „Седум величествени“
Културно-информативниот центар „Романса” во Македонска Каменица синоќа ја организираше монодрамата „Драга Јелена Сергеевна” во соработка со „Про арте“ од Куманово, по текст на руската авторка Људмила Разумовска и во режија на Кети Дончевска-Илиќ
„Модерни трендови во унгарската фотографија во ХХ век“ е насловена изложбата со која ќе биде отворена неколкунеделната манифестација „Унгарската култура поблизу до нас“ во организација на Унгарската амбасада и Дирекцијата за култура и уметност-Скопје
Пијанистот Хају Жанг кој настапи како солист на големата турнеја на Филхармонијата во Кина во декември, вечер ќе настапи на нејзиниот концерт со рецитал на кој ќе изведе дела од Бетовен, Шопен, Дебиси и Равел
Педесетина уметнички дела – слики и скулптури од уметникот Мирослав Масин се претставени на изложба во галеријата „Акантус“. Насловена е „Од кујната на Масин“ и ќе биде отворена од утре до 4 мај.
Во Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес во тек се завршните подготовки за премиерната изведба на претставата „Злосторство на 21-от век“ од британскиот автор Едвард Бонд, а во режија на професорот Владимир Милчин. Претставата премиерно ќе биде изведена до крајот на месецов
Уметнички творби на деца со аутизам се претставени на изложба во Чифте амам, резултат на креативните работилници кои Националната галерија таму ги организираше шест дена во минатиот месец