Bо големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, утревечер театарот „Чин 4 сцена 5“ премиерно ќе ја прикаже комедијата „Викенд на мртовци“ по текст на Миле Попоски во режија на Саша Нацевски
Филмскиот проект „Северниот пол“ на режисерката Марија Апчевска ја доби наградата „Festival International du Film d’ Aubagne“ на 13. „European Short Pitch – Nisi Masa“ и беше еден од трите наградени проекти на сесијата одржана во францускиот град Брест
Претходно ги има објавено и збирките афоризми „Жегла“, „Буба лази“, како и стихозбирката за возрасни „Врзани до последен здив“. Има објавено и стихозбирка и приказни за деца („На Велигден“ и „Зборови се редат, приказни се предат“), како и романите „Ледена кока кола“ и „Покажи ми ја среќата“
Документарниот филм беше прикажан во прилепското кино „Мис Стон“ пред средношколците кои го изучуваат францускиот јазик од гимназијата „Мирче Ацев“
Македонскиот ПЕН–центар и Националната и универзитетска библиотека в четврток ќе го одбележат Денот на поезијата со поетско читање
Со изложбата „Портали“ Град Скопје ќе го одбележи Европскиот ден на уметничка креативност, како дел од проектот CreArt (Мрежа на градови за уметничко творештво)
Кинотеката на Македонија од денеска до 21 март ќе биде домаќин на првиот фестивал „Еуропанорама – денови на европски филм“, кој ќе прикаже десетина кратки филмови
Издавачката куќа „Или-или“ вечер од 20 часот во „Менада“ ќе го промовира „Утеха на голите“- третиот роман на Давор Стојановски, чиј претходен роман „Собирачи на пепел“ ја доби наградата „Роман на годината“ за 2016 година
Раководителката на Македонскиот центар на ИТИ (Интернационален театарски институт) Иванка Апостолова Баскар од денеска до 22 март ќе учествува на Меѓународниот фестивал „Сараевска зима 2019“, каде што ќе ја промовира книгата „Сирота мала богата драма“ – електронска збирка на 11 кратки драми од современи македонски автори
Нашата земја од оваа година се приклучува кон реализација на проектот „Европски креатори на културно наследство“. Проектот се реализира од 11 март до 14 мај 2019 година. Музејот на Република Северна Македонија ги повикува сите деца и млади луѓе од 12 до 18 години да го разгледаат и истражат наследството во својата околина и да ја раскажат својата приказна.