Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар-Митевска денеска од 16 часот премиерно ќе биде прикажан на Берлинскиот филмски фестивал во официјална конкуренција за наградата „Златна мечка“.
На состанокот со Харалд Третенбрејн и Луциа Рикалдо, кои се челните луѓе на европската канцеларија на „МЕДИА Креативна Европа“ со македонскиот министер за култура Асаф Адеми и директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија беше разговарано за можностите и критериумите со кои нашите проекти би добиле поголема поддршка од програмите на овој европски фонд.
На средбата, соопшти денеска Министерството за култура, на која присуствувал и директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, Адеми го потенцирал значењето на програмата Креативна Европа МЕДИА за Македонија што резултираше со конкретни успешни проекти, како и големата поддршка во соработката меѓу аудиовизуелниот сектор во Европа не само на регионално, туку и на европско ниво.
Министерот Асаф Адеми, кој се наоѓа во работна посета на Берлин, во врска со реакциите на јавноста за резултатите од Годишните конкурси на Министерството за култура, денеска информира дека сите одлуки за одбиени апликации ќе бидат поништени и повторно разгледани и доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти ќе биде дополнета.
Како и минатата година, и овој февруари е бурен за Министерството за култура, зашто Годишната програма за проекти кои финансиски ќе бидат поддржани во 2019 година повторно вчера предизвика бројни реакции, неколку часа по објавувањето на резултатите.
-Со големо внимание ги следам критиките, реакциите, пофалбите и предлозите, исто така сакам да ви кажам дека сум во постојан контакт со членовите на комисите и со правната служба при Министерството.
Сезоната, во која НТ „Антон Панов“ од Струмица ја одбележува 70-годишнината од постоењето, ја почнува со детската претстава „Пипи Долгиот Чорап“. Премиерата на ова култно дело од Астрид Линдгрен е в недела на големата сцена на театарот.
Студентите по актерска игра од четврта година на Факултетот за драмски уметности вечер ќе ја изведат на претставата „Ревизор“. Влезот на претставата е со донации во висина од можностите и желбата на посетителите.
Во Младински културен центар вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Загрозен модернизам: архитектонски сценарија за адаптивна (ре)употреба“.
По објавувањето на годишната програма на Министерството за култура, се редат директори на фестивали, издавачи, актери кои реагираат на распределбата.