Монографија „30 години Поетска ноќ во Велестово“ ќе биде промовирана денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, во рамките на годинашниве „Прличеви беседи“.
Министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми и неговиот бугарски колега, Боил Банов денеска во Софија потпишаа Програма за соработка.
Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје отвори повик за интерактивна работилница за млади меѓу 16 и 20 години што е дел од истражувачкиот процес за меѓународниот театарски проект „Хорот“ (The Chorus Project), според трилогијата на Ајсхил „Орестија“. Македонскиот тим ќе работи на вториот дел од трилогијата, во режија на Ивица Димитријевиќ.
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, во рамките на годинашниве „Прличеви беседи“, утре ќе биде промовирана монографијата „30 години Поетска ноќ во Велестово“.
Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија денеска ќе се одржи камерен концерт насловен „Романтична поезија и музика“, по повод 147 години од раѓањето на Гоце Делчев.
Министерството за култура соопшти дека најновите информации поврзани со неговото работење ќе може да се најдат на неговата редизајнирана веб-страница www.kultura.gov.mk .
Успехот што го постигна долгометражниот документарен филм „Медена земја“ во три категории, за најдобар документарен филм, за најдобра кинематографија и специјално признание од жирито за влијание за промена, претставува голема афирмација и промоција на нашата земја и култура.
Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, триумфира во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“).
Локални власти во Кина во јануари издадоа хартии од вредност за 418 милијарди јуани (околу 62,3 милијарди долари).
Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО распишаа конкурс за интернационалната награда „Мостови на Струга 2019“ за најдобра дебитантска книга од млад светски автор. На конкурсот може да учествуваат дебитантски книги на поети под 35 години.