Фестивалот на чајот и читањето оваа година ќе се одржува од 15 јануари до 15 февруари и ќе опфати промоции на книги, читања и работилници.
Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар-Митевска е избран во официјална конкуренција на престижниот филмски фестивал во Берлин, со што по пауза од 25 години (по „Пред дождот“ во Венеција во 1994) македонски филм повторно ќе биде во главна селекција на филмски фестивал од А категорија.
„Македоника литера“ ја објави поетската книга „Постои ли допир на твојата душа“ на српскиот поет Ненад Шапоња, која содржи 49 песни и поеми. Дел од нив се веќе објавени во негови книги, а на крајот има и есеј во кој авторот го објаснува поетичкиот дискурс во својата лирика.
Вкупно 19 активности, од кои 15 спроведени во Македонија, а четири реализирани во делот на меѓународни активности, опфати Националната програма која минатата година ја изготви Управата за заштита на културното наследство (УЗКН), за да се придружи во одбележувањето на 2018-Европска година на културното наследство. Програмата се спроведе под слоганите „Нашето наследство – европска вредност!“ и „Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“.
Во градот на текстилот, познат како македонскиот Манчестер на една рака можат да се избројат модните креатори, кои имале храброст да отворат свои работилници, односно атељеа и да егзистираат од своите креации. Младиот моден креатор Методи Коцев од Штип е еден од нив. Втора година по ред тој креира невестински и свечени фустани.
Кумановскиот театар изминатата година одигра четири премиери со 83 репризи, соопштија одговорните од НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.
Серијалот „Седумте сестри“ на светски познатата Лусинда Рајли се најбараните книги во битолската Градска библиотека, додека пак најмладите читатели зимскиот распуст го минуваат со книгите за Хари Потер.
Македонската опера и балет со огромно задоволство ви најавува „Диско треска“ за Василица! Гала концертот по повод празникот „Василица“ насловен „DISCO FEVER“ оваа година ќе и приреди на публиката вистинско и незаборавно уживање со изборот од најдобрите диско хитови од 70′ години во целосно нови симфониски аранжмани!
Македонскиот краткометражен филм „Црни и криви“ на Марко Џамбазоски доби признание на романскиот фестивал „12 Mоnths Film Fеstivаl”, што се одржува во Клуж-Напока. Филмот е награден во две категории „Награда од публика“ и „Продуцент на месецот“.
Во Скопје и во уште неколку градови во Македонија денеска се организираат детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.