Уметникот од Куманово, Синиша Кашавелски доби уште една престижна награда и го потврди својот статус, амбасадор на македонската уметност во светски рамки.
Фестивалот „Охридско лето“ на 12 јануари ќе организира концерт на класична музика на кој ќе настапат младите српски солисти Александра Петровиќ и Стеван Каранац заедно со Српскиот камерен оркестар.
Поради одлуката на Општина Центар да ја затвори читалницата „Славко Јаневски“, романите кои конкурираат за наградата „Роман на годината“ ќе се доставуваат во Културно-информативниот центар на Град Скопје (КИЦ) до 15 јануари – крајниот рок на конкурсот, соопшти Фондацијата „Славко Јаневски“.
Вевчани и оваа година од 12-ти до 14 јануари ќе биде театар на отворено без режија и центар на сатирата за настаните што ја одбележаа минатата година. Веќе се изработени над 1.000 поединечни и групни маски, кои се чуваат во тајност, а организаторите очекуваат околу 10 илјади посетители. На Вевчанскиот карневал и годинава ќе има многу музика.
Македонската опера и балет традиционалниот концерт за празникот Василица ќе го изведе на 12-ти и на 13 јануари. Годинава тој е насловен „Диско треска“ и ќе содржи диско хитови од 1970-тите години во целосно нови симфониски аранжмани.
„Ако не постои утре“ и „Девојката од Бруклин“ од Гијом Мисо и „Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината“ од Александар Алексов се најпродавани книги во Македонија за 2018 година.
Министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на Новогодишниот концерт на Виенската државна опера, кој годинава се одржа во чест на одбележувањето на 150-годишнината од основањето на оваа еминентна оперска куќа.
Со македонскиот кандидат за Оскар, „Исцелител”, на режисерот Ѓорче Ставрески, по пауза од 10 години во Пехчево повторно ќе се прикажува филм.
Рок групите „Архангел“ и „ Галија“, како и познати диџеи ќе бидат дел од програмата на Вевчанскиот карневал што ќе се одржи од 12 до 14 јануари во Вевчани.
Претставата „Мојата ти“ по текст на Олга Димитријевиќ и во режија на Драгана Милошевски Попова вечерва премиерно ќе биде изведена во кумановскиот театар.