Со два новогодишни концерти на 1 јануари нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески ќе ја започне новата година. Тој ќе настапи во Хановер на покана од хрватскиот диригент Иван Репушиќ, кој што е шеф-диригент на Операта во тој град.
Изминатата година за македонската култура почна со бура од реакции по објавената Годишна програма на Министерството за култура за проекти што добиле државни пари. На виделина излегоа пропусти и нелогичности и беа откриени одлуки за проекти на самите членови на комисиите или за проекти на нивни блиски.
Општина Центар ги демантира написите во одредени медиуми во врска со затворањето на читалните кои функционираат на територија на општината.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности реагираше денеска поради затворањето на нејзините две читалници, особено на читалницата „Славко Јаневски“.
Во изложбениот салон на Уметничката Галерија во Кумнаово вечер ќе биде отворена самостојната изложба на академскиот уметник Марина Цветановска-Мартиновска. Изложбата е насловена „Помеѓу празното и празнината“ и претставува нејзина осма по ред самостојна ликовна реализација.
По повод 25-годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации во издание на Институтот за јавни политики излезе од печат книгата: “Macedonia at the annual General Debate of the United Nations General Assembly (1993-2018)” од авторот Неџад Мехмедовиќ (Nedzad Mehmedovic).
Министерот во Владата задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска во Корча присуствуваше на научен симпозиум посветен на „Животот и литературното дело на Стерјо Спасе“ во организација на Универзитетот „Фан С. Ноли“ и Македонското друштво „Сонце“.
Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово вечер ќе биде отворена изложба на слики од Меѓународната радовишка колонија „Св. Ѓеорѓиј 2018“. Колонијата се одржува по трет пат во организација на ДЛУМ од Радовиш, тамошните општински власти и Центарот за култура со поддршка на бизнис заедницата.
Во галеријата „Ванѓел Коџоман“ вечерва беше отворена изложбата „Идентитет“ на Гордана Винчиќ.
Во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево денеска беше изведена детската претстава „Рибарот и златната рипка пловат до Лапонија”. Претставата беше изведена во соработка со Театарот при Домот на културата „Иван Мазов-Килиме“ од Кавадарци по повод доаѓањето на Новата 2019 година.