Авторката Наташа Сарџоска од 22 до 25-ти овој месец гостува на меѓународниот поетски фестивал Ша’ар Хеликон во Тел Авив, Израел.
Со доделување на наградите на најдобрите филмови снимени со мобилен телефон денеска во Кинотека на Македонија ќе биде затворен 9. Интернационален „Мобил фестивал“.
Автори од Република Македонија и нивното книжевно творештво, од 21 до 24 ноември се претставуваат на Интернационалниот саем во Тирана, соопшти Министерството за култура.
Манифестацијата „100 илјади поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ ги распиша двата официјални конкурса за поезија и изработка на постер/плакат за годинашното осмо издание на фестивалот.
Под покровителство на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев во Националната галерија Чифте амам се одржа јубилејната манифестација „Остен – уметност на хартија“ по повод 50 години Светска галерија на карикатури Скопје 2018.
Во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“ во соработка со Град Скопје, денеска почнува второто издание на Меѓународниот фестивал по саксофон и кларинет “САКСКЛАР“-2018.
Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ во рамки на проектот „Што е кореографија?“ на дводневен настан во Кино Култура ќе претстави две нови современи танцови продукции – „Dream State“ на кореографот Валентино Апостоловски, и „Moonlight“ во кореографија на Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас од Шпанија.
Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Травијата“ во режија на Верена Штојбер од Германија, која премиерно беше прикажана на минатогодишните Мајски оперски вечери.
Издавачката куќа „Бегемот“ во новата едиција „Атлас“, во која ќе објавува најзначајни дела од светската книжевност, објави превод на романот „Со оган и со меч“ на нобеловецот Хенрик Шенкевич.
Со предавањето „Помеѓу политиките на задолжување и неофашистичкиот бран во светот“ на Маурицио Лазарато, италијански социолог, филозоф и активист кој живее и работи во Париз, во Музејот на современа уметност е отворен третиот Меѓународен фестивал за критичка култура-КРИК организиран од „Контрапункт“, кој во три дела ќе се одржува до 19 декември.