По повод 75-годишнината од востанието во фашистичкиот логор „Собибор“ денеска во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе биде одржана презентација на изложба која раскажува за случувањата во логорот.
Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари средба со директорот на Националниот историски музеј на Албанија, Дориан Кочи и директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија, Скендер Асани.
Со предавањето на Стефан Данкомб (Stephen Duncombe), професор по културни студии на Њујорк Универзитетот, во САД в среда во Музејот на современата уметност во Скопје започнува интердисциплинарната програма „Радикално образование”.
Скопски џез-фестивал годинава е ориентиран кон современиот џез, а музичарите што ќе учествуваат специјално ќе дојдат за фестивалот и нивните концерти, освен на Дејвид Мареј, не се дел од турнеи. Тоа се главните одлики по кои годинашниот, 37-ми фестивал, се разликува од минатите изданија.
Тимот на порталите Факултети.мк и Деца.мк кој го подготви проектот „Светот на Биби“ соопшти дека азбуката на сезнајката Биби од синоќа е достапна за детската публика преку нејзиниот јутјуб-канал Биби/Bibi: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=VyyyNQn0-jw.
Младиот пијанист Арда Мустафаоглу во текот на октомври и ноември ќе има рецитали во Прилеп, Струмица, Велес и Штип.
Квалитетните преведувачи тешко доаѓаат до израз и често се незабележани во мноштвото преводи на пазарот. Според професионалците во оваа дејност, неквалитетни или недоволно созреани преводи се појавуваат затоа што главен критериум е цената, роковите се најчесто кратки.
Во рамките на својата посета на Саемот на книгата во Франкфурт по повод националното претставување на Република Македонија на оваа манифестација, министерот за култура, Асаф Адеми, денеска оствари средба и со директорот на Саемот на книгата во Лајпциг Оливер Зиле.
Академија „Анте Поповски“ е основана во рамки на програмските активности на меѓународната поетска манифестација „Анте Поповски - Антево перо“, што се одржа во родното село на поетот Лазарополе.
Првпат пред прилепчани синоќа беше отворена изложбата на фотографии за фрескоживописот на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново. Околу 30 фотографии, што ги направиле студентите по дигитална фотографија од универзитетот „Георг Аугустус“ од Гетинген претставуваат поединечни фигури и сцени од фрескоживописот, светски познато од византискиот период кој датира од 12. век.