Државниот правобранител, на барање на Министерството за култура, побарал од Основниот суд Скопје 2 привремена забрана за емитување на филмот „Ругање со Христос“, пренесува Алсат.
Ексклузивни археолошки наоди на некропола од првите векови од новата ера ги забави работите на експресниот пат Градско-Прилеп, поточно кај Фаришката клисура. Отриени се три наоѓалишта, од кои две се решени, а археолозите моментално, до 20 октомври, работат на истражувањата на некрополата, на археолошкиот локалитет Гробишта, во месноста Кршла, во непосредна близина на селото Раец.
Државниот правобранител на Република Македонија ќе го повлече предлогот до Основниот суд Скопје 2 за изрекување на мерката времена забрана за прикажување на филмот „Ругање со Христос".
Интимен театар од Битола со претставата „Три прави, три опачни“ (седум осмини) по текст на Никола Пројчевски и во режија на Софија Ристевска-Петрушевска вечерва ќе настапи на малата сцена на театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес.
Афористичарите Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински се македонските претстставници на балкански фестивал „Сатира фест 2018“ што на 10 октомври ќе се одржи во Белград, Република Србија.
Сценаристот и режисер Јани Бојаџи, по синоќешната македонска премиера на неговиот дебитантски филм „Ругање со Христос“ на отворањето на 3. Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“, ја повика Владата да го остави филмот да заработува и да се прикажува низ Македонија.
Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола на претстојниот Саем на книга во Франкфурт ќе биде претставено на штанд на Здружението на писателите од дијаспората.
Во Центарот за култура ,синоќа свечено беше отворен фестивалот „Албански театар во Македонија", кој традицонално по седумнаесетти пат се одржува во Дебар.
Во исполнетата сала на кино „Милениум“ вечерва се прикажува македонската премиера на дебитантскиот игран филм „Ругање со Христос“ по сценарио и режија на Јани Бојаџи, со кој е отворен 3. Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“.
Фолклорната група при Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“' од Делчево замина за Словенија каде од 6 до 9 октомври ќе учествува на фестивал во градот Вранско.