На преведувачот и писател Драги Михајловски, на писателот и новинар Ристо Лазаров, на актерот Петре Арсовски и на хирургот-уролог Александар Ставридис денеска во Собранието на Република Македонија им беше врачена државната награда „11 Октомври“ за 2018 година.
Културната понуда на Скопје е збогатена со Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ (1941-1944), кој на 4 јануари годинава го отвори скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Музејот е лоциран на левиот брег на реката Вардар, зад Археолошкиот музеј на Македонија.
Филмот „Блискост“ на Кантемир Балагов е добитник на најградите за најдобро сценарио, најдобра режија и најдобар филм на фестивалот „Киненова“. Одлуката трите награди на фестивалот на бидат доделени само на еден филм ја донесе меѓународното жири на чело со турскиот маестро Зеки Демиркубуз, заедно со Росица Валканова и Лазар Секуловски.
Македонскиот народен театар објави отворен повик за учество на петдневна работилница „Вовед во дизајнот на светлото и креативната комуникација“, која ќе се одржи во неговите простории од 26 до 30 ноември, под менторство на Крис Јегер, британски театарски дизајнер на светло.
Македонската современа книжевност, можностите за соработка со странските партнери и промоција на Република Македонија како современа културна и книжевна средина ќе бидат претставени на Саемот на книга во Франкфурт, кој годинава се одржува од денеска до 14 октомври.
Познатиот хрватски писател, колумнист и сценарист Анте Томиќ, автор на сценариото за филмот „Устав на Република Хрватска“ кој вчера беше прикажан на фестивалот „Киненова“, денеска во Кинотеката на Македонија одржува мастерклас за трикови во пишувањето филмски дијалози.
Како директор на фестивалот тој вчера беше поканет на судско рочиште за предмет насловен „Привремена забрана за прикажување на филмот поради ширење верска и национална омраза и загрозување на соживотот на народите во државата“ и проценета вредност од 18 милиони денари - колку што ќе чинел спорот доколку беше процесуиран.
Претставата „Разговори во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ ја освои наградата на жирито за најдобра претстава на 6. Интернационален театарски фестивал „Московски ноќи“, што од 5 до 9 октомври се одржа во Митишчинскиот театар за драма и комедија „Фест“ во Русија.
На обоистката и поранешна директорка на Македонската филхармонија Маја Чанаќевиќ денеска во резиденцијата на Франција во Скопје ќе и биде доделено одликување „Витез од редот на уметностите и книжевностите“, кое ќе ѝ го врачи амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.
„Префрлање на одговорноста“ е насловена самостојната изложба на ликовниот уметник Сашо Станојковиќ, која ќе биде отворена вечер од 19 часот во Мобилната/монтажна галерија во Паркот на франкофонијата.